таму (прил.) - сме (гл.)

Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но сега ми вели нешто, таму сме каде што тргнавме. - заклучи Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таму ги криеме сите дупли планови, со која жена да се ожениме ако нашата загине во сообраќајна несреќа, како штедната книшка на брат ни да ја префрлиме на свое име ако тој ненадејно умре, таму се сите скришни прељуби, се што сме премолчале, што намерно сме заборавиле, таму е јасно кого колку мразиме, таму ја криеме сета невера за она во кое јавно се колнеме дека веруваме и сета вера во она од кое јавно се откажуваме, таму се складиштата на суета и страст, нашиот мрак и пораз, таму сме без шминка, без вештачки вилици, без мидери, таму сме грди.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Во Рајчани, од таму сме ние. – им одговорија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ние утрина рано ќе појдеме на нива да дожниеме, ќе најдеме некој кој да ни ја чува куќава и да ги рани ајваниве и, околу ручек, а може и порано, таму сме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)