таму (прил.) - стане (гл.)

Но таму, во дворот на анто, го затекнаа Хаџи Ташку со дружината и една тајфа Арнаути од Кичевијана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Минатата сабота, зараното (Максим и Костадин Дамчески од страв од незгоди не ги поведоа одвечер) главите на сојовите стигнаа во Прилеп, на ан кај Богатиновци: така си мислеа, расправијата помеѓу Хаџи Ташку и Лазора таму стана, па и измирувањето меѓу нив таму да стане.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ја одвоив сенката своја, душаа своја и му ја ветив на Господа и ја пратив во селото Бродец, на планината Кара Дак, таму стана светлина, а тука стана темно, како што и прилега на гробно место на последен калуѓер и на друг смртен, кој ја пие водата и го јаде лебот донесен за калуѓерот од ноќвите на манастирот, од сенката на жена во црно облечена. Без лице.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)