таму (прил.) - сум (гл.)

Оти, јас, наставничке, колкупати таму сум забележал дека некој во неа живее.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во твоите очи се наоѓа сиот свет, таму сум јас кога светот ми се руши....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Јас само на тоа мислам. Таму сум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во текот на наредниот викенд Летка го посетила своето семејство во Лаврион каде што нејзините имаат викендица во неделата вечерта по телефон му се јави на Едо: „Да!“ рече со изразита нагласеност. „Таму сум. Среде твојата прикаска!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Значи сте од Македонија? – го почна разговорот домаќинот. – Јас таму сум бил едно десетина пати. За трговија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)