таму (прил.) - сетики (прил.)

Пред портата на горбиштата еден огромен црн ѓавол со рогови му се здава на Галилео и му бара влезница за гробиштата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Гого ги протри очите неколку пати, да не е само да му се привидело, од пусти желби и немирни сништа, но таму сетики стоеше неговото име, името на татко му и семејното презиме, што си го носеа по името на селото сѐ по удолницата од сртовите, по суводолицата на скрките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ај беља работа, си вели во себе Галилео и тргнува по друга патека: фреските во скопско Нерези не се ништо полоши од овие во Пиза, а таму сетики нема ѓаволи пред манастирските порти.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)