тивко (прил.) - плаче (гл.)

Во близина имаше мало паркче. Седна на една од клупите... Тивко плачеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја слушнав како рамномерно и тивко плаче и вели "говедо, говедо, говедо дебело".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја извади крпата од појасот и откако си ја избриша потта од лицето, на мајките, жените, сестрите и децата на отидените на Црн Камен, кои гласно лелекаа, тивко плачеа, им заповеда: А вие престанете да кобите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И додаде: Со нив е Трајана, таа нема да ги остави да се опакостат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако ќе го видеше во дупчето, си замислуваше тој, сигурно истрчуваше да го посматра и низ прозорецот, па застануваше пред влезот и правеше гимнастика на општото задоволство на останатите соседи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Доаѓај ми секогаш ко ноќта Тивко плачи. Тивко смеј се. Тажи.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)