тивко (прил.) - прозбори (гл.)

Долгиот молк го прекина Циљка, којa замислено и исплашено тивко прозбори: - Знаеш, мајко, пред петнаесетина дена во нашата чета донесоа осум млади партизани. Речиси деца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И кога Фимка се доближа и скоро застана до неа, девојката подаде кон неа рака обврзана со окрвавен завој, погласно залипти и низ липтежот одвај чујно изусти: - Мајко.., мила, мајко моја... таа толку тивко прозбори што се чинеше дека ветерот некаде од далеку донесе само шумолење од глас, го удри од карпите и стеблата и го растури меѓу тревјето во лединката распослана под сенките на високите борови и само делче од него стигна до Фимка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Хелвиг, - тивко прозборе. Гласот незадржливо ѝ трепереше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа само тивко прозборе: – Вистина е – прифати Мајка – дека за децата останаа многу тајни од нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За миг собра прсти во еден грст и, воздивнувајќи, тивко прозбори: - Многу куќи сум обновил и изградил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Остани уште малку... – тивко прозборе Трајанка а гласот како низ цевка да си го слушаше...како низ сито...во грлото горка солза голема се запна тука, па не мрда...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)