тивко (прил.) - рече (гл.)

Нашата голема возбуда ја запре татко ми кога тивко рече: – Чанга сигурно ја избрал смртта, или пак патот што сигурно води кон смртта, со малку надеж за спас, за излез од Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
-Откога ги запозна моќта на верата и слабоста на сомнежот, должност ти е да ги почитуваш принципите ба оруридатам за да се отворат портите на духовната среќа – тивко рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Најпосле кога седнавме да вечераме тивко реков: - Тетка Рајна дојде со една непозната жена, не знам дали тебе те бараше и те дочека ли? - Не гледав во него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не поминаа два-три дена Во дворецот влезе една жена Во рацете држеше едно мече За малиот ПРИНЦ ќе биде таа тивко рече.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ивона покривајќи го со наметката извадена од плакарот, низ насмевка тивко рече: „И големите паѓаат ако не направат стратегија на своето однесување и постапки“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Збунето реков: - Не знам во кој дел на светот се наоѓа рудникот на Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Сепак, сепак... Куќата што вознемирува умее да претскажува, - тивко реков.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Махмуд Дарвиш, загледан во езерската синевина, во другата земја зад блиската граница, која не се гледаше во синото езеро, тивко рече: - И покрај мојата пасија никогаш не сум помислувал да напишам роман.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Владетелите кои сакаат да владеат и дури во трансцендентни услови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако убаво го разгледа, тивко рече: – Да, тоа е каталогот на Ла Ринашенте, со модниот додаток за 1949 година. Сите бевме среќни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа ги подотвори очите и тивко рече: – Сине, и ти си се вратил... Не реков ништо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но Татко, прв, тивко рече: – Синоќа го сонив татко ми како ми довикува од другиот брег, да се вратиме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Тука се! Тивко рече Горјан и го поведе коњчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мајка му воздивна и тивко рече: „Убав мајкин домаќин!“ - и влезе во куќата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Не... ох, не... не“ тивко рече, притискајќи ги градите со раце. „Не е можно, тоа не е можно...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Знаеш ли... - човекот се фати за футролата, Нумо во тој миг го извади ќесето со тутун, косо погледна кон другите двајца во џипот и тивко рече: - Господине, не фаќај се за пиштолот. Тој за тебе е само украс.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Коста, - повтори тивко Нумо - и ти си жив.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Коста, - тивко рече Нумо откако се оддалечи Кузе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Аман бе, Тони, немој, - тивко рече мајката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- На линија сто седмиот. - Те слушам сто седми - тивко рече Маркос.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Кај нас - тивко рече Мита - сите беа... - Исто и кај нас... - прошепоти Тинка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Кузе дотрча до прозорчето, со дланките ставени одстрана, се загледа во мракот и со израз на огромно изненадување и разочарување, тивко рече: - Ту, бре, мајката, па тие навистина си отидоа?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Забележувам, како да не... Да - тивко рече тој - не само во оки, ами дури и во грамови...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ако е до парите - тивко рече Дуро - ги враќам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Команданте - тивко рече Кикицас - јас одам на специјална задача... - Разбирам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Од кај Алевица... - тивко рече Кикицас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка ти долго се загледа во колоната и тивко рече: „Оди аскеро нашите да ги бие...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Јас... - тивко рече девојката со тркалезно румено лице, светликави црни големи очи и долга дебела претенка, зафрлена над левата града.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Благодарам, - тивко рече таа и се упати кон катедрата со несигурни чекори.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)