тивко (прил.) - ја (зам.)

Штом се примолкна до пештерата, засолнета меѓу столетните, извишени, длабоко закоренети храстови и тивко ја репетира пушката,го наслушна испрекинатиот здив на прогонетиот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа со еден скок се оддалечи од собата и тивко ја затвори вратата зад себе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
По многу кратко време, не поминаа ни дестина минути, тивко ја отворив вратата и ја напуштив собата на Ангела.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Стар овчар, со бела коса и брада, тивко ја свири со неговиот шарен кавал песната: „Море сокол пие вода на Вардарот, Јане, Јане ле бело грло!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од уста во уста, тивко ја пренесуваат наредбата: - Подготви го ножот!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тивко ја затвори вратницата. Се насмевна. Поткровјето беше мирно како буроносен облак пред луња.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)