тивко (прил.) - молитва (имн.)

Мајка ја беше понела врската клучеви од куќата крај Езерото и напуштената куќа крај Јонското Море од нашите предци, светите книги Коранот, Библијата и Талмудот, покрај кои ја шепотеше тивко молитвата на сите вери кога ја минувавме границата, а Татко неколкуте главни книги од својата подвижна егзилска библиотека, како и неговиот започнат проект, ракописот за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев така предодреден да ги барам во животот моите сопатници во егзилот за кои немаше враќање...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја продолживме тивко молитвата на спасувањето, останувајќи засекогаш верници на нејзиниот непознат бог.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)