тога (прил.) - ќе (чест.)

Нека направи шес недели, та ако е к'смет — му рекла — пак дојди, јас до тогај ќе се поразмисла".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако рече пак „сака", тогај ќе заколите и некое пиле, ќе си поседа и довечер, — да се вида и со другарчето и со дедовците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А до кога едни Македонци се кажуваат патријаршисти, други егзархисти: едни Бугари, други Срби, трети Грци и го бараат покровителството кај различни балкански држави, давајќи им со тоа право да се бркаат во македонските работи, до тогај не може да се мисли за општо востание: до тогај ќе биде само парцијално: со бугарски, српски или грчки, но никако не со чисто македонски карактер.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе блеснеше во црвенило нејзиниот чардак таа тогај ќе наполенше вода од бунарот во дворот ќе застанеше над секоја саксија на чардакот, ќе ги налееше цвеќињата, ќе прошепотеше нешто со нив, а потоа ќе запалеше и свеќа и ќе ја запееше: на многаја лета.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ти, синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно ама ќе дојде саатот, што моиве зборови се по глава ќе те удрат и тогај ќе поверуваш; арно ама што рекол некој: ќе ти дојде умот, ама ќе ти појде кумот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- кога ќе се испулиш од де изгрева с’нце, тогај ќе се сумиш оти од таму гледеме туа со камионите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Е, мене ми текна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од чардако урва ена жана и нешчо ме опита на албанцки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И кога о зајди с’нце поминае камионте за Корча, стопано ме опита: - Во која Македонија сакаш да ош?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Колку ќе да паднат грешните у муките, тогај ќе да запеат ангели чудни и дивни сладки песни, да славословјат Бога вседержитеља.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ох тогај ќе да се заплачат грешниите и ќе да се плашат души от снаги, едни от други грешните души от снагите нихни, и ќе да се хуљат и клеветат едни други души и снаги.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)