тогаш (прил.) - бил (гл.)

Така, работејќи денеска овде утре онде, еднаш ова другпат она, стигнал да се здружи со некоја тајфа мајстори-ѕидари, од Демирхисарско; тие го запознале со Тодета Акиноски, кој, тогаш бил наредник во Кралската гарда, а Тоде го однесол дома кај Петара Акиноски, кој, пак, како учен човек, беше капетан во Кралската гарда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Работел што работел Видан кај Петара Акиноски, се грижел Петар Акиноски што се грижел за Видана и за мајка му, а кога и Видан почнал да поболува, му рекол Петар дека тоа не може така да продолжи, дека треба да изучи нешто полесно да работи и го однесол на дуќан кај Коста Циривири, прилепчанец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неговиот татко Давид бил трговец и патувал по целиот реон на коњ, кој тогаш бил единственото транспортно средство.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дедо Стефан тогаш бил едногодишно детуле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Она што е битно е дека кралот го откажал концертот и го поканил Бах, кој веќе тогаш бил познат како „стариот Бах“, да ги испроба неговите пијано-фортеа произведени од Зилберман, што се наоѓале во неколку сали од палатата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Според нивните анализи, со испраќањето на воените мисии во Југославија, тие успеале да "постигнат воена полза", додека ЕАМ во Грција "не ни донесе ништо друго освен неволи и непријатности".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но и тогаш било потенцирано дека "со поддршката на овие движења, ние неизоставно ја создадовме ситуацијата со која се соочуваме денеска".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мајка ми кажуваше дека тогаш бил болен и Спиро, мојот најстар брат.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Наеднаш сфатив дека она исто прашање што пред малку ѝ го постави на Јана покажувајќи со очите кон мене, Зрновски и порано, пред недела-две, или и пред тоа, ѝ го има упатено на Јана покажувајќи со очите кон истава столица на која сега седам јас но тогаш бил седнат на неа токму Денко Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа тогаш биле конгрегационите училишта, на Лаичката ми­сија, и потоа училиштата на Универзалната израелитска алијанса.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)