тогаш (прил.) - дојде (гл.)

Бојана чекореше со брзи чекори по патот што водеше кон Митревата куќа, стискајќи го в раце писмото тогаш дојдено од Америка, од нејзиниот Крстан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш дојде тоа, еднаш и уште еднаш.“ Беа пижовци, бројки - разбушавени, бледи, сонливи. Не беа љубопитни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зашто тогаш дојде најитересното.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но тогаш дојдоа мравки црни петна врз бела руба тревата да ја влечат во дупките и птиците во јата се нафрлија на дворот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И тогаш дојдоа стражарите, ни ги ставија лисиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЛЕОПАРД - Серџо Леоне направил филм каде што поетот Леопарди се бори со лав, а сликарот Леонардо со гепард! Тогаш дошол Клод Лелуш и на шегобиецот Леоне му пуштил леопард!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тогаш дошол Онисифор Мечкојад со таква оѕвереност на челуста што дури и дрвјата затрепериле околу него. Смеењето ослабнало, кикотливците молкнале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад него се влечело рапаво, пискаво, гровтаво и секакво кикотење и го сопнувало, чиниш ќе се заниша побелен и ќе падне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Затоа жена му не нѐ поканува. А гладен сум, ми се спие.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш дојде со големи чекори од зад куќата див човек а со шепа држеше шепа на голо, збрчкано, пискотливо чудо: ситно и бушаво старче на долги гаќи, босо и со раменици на кои не можеше да се потпре ни петгодишно дете: на изгребаното лице со ретка брада подзинуваше и се склопуваше на рибји начин празна уста. Падна на коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имено, тогаш дојде до укинување на можноста, при ангажирање невработени лица за спроведување јавни работи, да се исплаќа надоместок за превоз до местото на извршување на работите наместо обезбедувањето превоз за овие лица (чл. 6, ЗИДЗВОСН/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тогаш дојде Соња. Не ја видовме цело лето, зашто беше заминала кај тетка ѝ во Битола. Неверојатно: само за едно лето се извишила.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тогаш дојде тој - изненадувањето. Љупчо срипа и машки се поздрави со него. За глава повисок од Љупчо и плеќест.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Девојчињата беа многу смешни. Облечени како кукли - се бакнуваа, прегрнуваа, се смееја, пискаа и којзнае што шушкаа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зошто не измислат нешто поатрактивно, одошто тоа редење во училишниот двор и ѕвонење на училишното ѕвонче?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа ти е - дај си ја раката!“ извика Џеронимо удирајќи со десната тупаница во левата дланка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да седнеш во ауди или во опел. Е, тоа ти е нешто подруго!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Е, тогаш дојдете да видите како луѓето си присвојуваат туѓо.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
На другата кривина нѐ осветлија, тогаш дојде курирот и рече дека четата е во опасност, но додека ние се извлекувавме, германската колона пристигна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се женев во сенокос, околу црешни берење. Тогаш дојде грнчарот Толе од Вранештица и продаваше земјени посатки за раздавање. За мртвите на Дуовден.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Летото подзастаре и тогаш дојдоа Бугари и Германци. В село. Се курдисаа по куќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)