тогаш (прил.) - забележи (гл.)

Кога излезе од кругот, дури тогаш забележа колку луѓе се исполегнати на лединката опкружена и покриена со високи борови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стапалата и ги завитка со влажната крпа, се забради со црната шамија и тогаш забележа дека на големите прсти од нозете Циљка нема нокти.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Уште од тогаш забележав дека гори од желба да ја предизвика мојата љубомора.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Братучедите тогаш забележаа дека на улицата под авлијата се собрале едно чудо селани и занемено гледаат кон молкот на фронтот што сите нив ги удираше в лице како некоја пареа од отворена утроба.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Уште тогаш забележал дека градот не можат да го спасат од странски упади никакви одбранбени ѕидови, граници, како што може тоа да го стори природата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
До бес. „За твое добро“, рече другиот. „Ајде не спротивувај се.“ Пак опцу и дури тогаш забележа дека вратите на неговите соседи се подотворени и дека низ темните пукнатини на таа отшкринатост ѕиркаат врели очи на притаен страв...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш забележав уште еден учипчен лик на млад човек, ушлија, зацрвенет во образите, со иронична насмевка на лицето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само таа во нашето семејство знае француски. Ние тројцата сме „Англичани“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури тогаш забележав дека е тоа некоја книга на француски што мајка ми ја заборавила во мојата соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Притисна уште еднаш со прст на тоа место, ме погледна одблиску (и тогаш забележав дека, од што му се црни очите, зениците не му се гледаат), се подистави малку, ја накриви главата, ме изразгледа внимателно и ме потчукна по рамото: - Вистинска Индијка! – восхитено рече. – Како да си овде родена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А тогаш забележав нешто уште понеобично - беше нашминкана!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тогаш забележав дека Ло Тек замолкнаа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На земјата околу мостот имаше неколку стврднати капки црвен песок, а тука веднаш стоеше една канта со четка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Почувствував и некој чуден, многу силен мирис, и тогаш забележав дека мостот веќе не е бледожолт како што беше порано, туку е премачкан со жар-црвена боја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дури тогаш забележав дека Паулина сето време седела на својот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнав до неа. Ме препозна по дишењето, и ми рече: „Јас останав неизбањата.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури тогаш забележа дека до него стои Теми. Стои и молчи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дури тогаш забележа оти палтото, што го наметна, е она, од костумот!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И тогаш забележа дека сите врати и прозорци од куќите се затворени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Времето, како и сè друго, беше запрено, ништо не мрдаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)