тогаш (прил.) - каже (гл.)

- И сепак не те разбрав. Ако предлагаш цела ноќ да дреждиме со отворени очи, тогаш кажи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јазикот не е сам.  Ако го знаеш тоа, тогаш кажи: во јазикот е битието.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И ти ли не знаеш? - Знам. - Па тогаш кажи!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакам да кажам дека лисецот најлесно ги лови заспаните животинки. - Сакаше, кажа, рекол Метуш Батковец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тука душата на собозљубен Стефан Лествичник, името што си го смени поради лажно видение, не издржа и од темнината, со свеќа в рака се јави: „Ако е така како што глаголиш, Филозофе, тогаш кажи ми какво е значењето на гласот м, да речеме? Или на т, или на к, или на а?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако не можеш да смислиш ништо, ако во главата немаш ни збор за повеста што сакаш да ја напишеш, тогаш кажи ја вистината - дека седиш пред белиот лист ставен во машината за пишување, со раката воврена под ременот од пантолоните, фатен за пенисот како за единственото нешто за што можеш да се фатиш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)