тогаш (прил.) - чуе (гл.)

Тогаш чу како оној што тропаше и поугласно викна: - Домаќине . . .
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш чув глас: „Готово е. Конечно срцето ти е кај мене замотано, во моето ледно ветре.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш чув дека и брат ми загинал. И за него си поплакав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Веро, - тогаш чув како повика човекот со двете деца.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)