тогаш (прил.) - го (зам.)

Научниците тогаш го усвоија ставот дека луцидните спијачи можат свесно да ја менуваат содржината на својот сон.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Користејќи EEG од REM состојба на сон на своите колеги во светот на будните им праќаа пораки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И тогаш го барам на помош Кундера! Неподнослива леснотија на живеење...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И толку сум му благодарна на Кундера за таа теорија, затоа што ми помага од време-на време да ја чувствувам таа леснотија и да одам натаму.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имавме договор со FMDC, што тогаш го водеа Јонас Мекас, ширли Кларк и Луис Бриганте, заработката да ја делиме пола-пола, каде и да се прикажува филмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таму, по месец дена, дојде новиот Вадимов филм The game is over, со Џејн Фонда во главна улога, па Девојките од челзи го префрлија во York киното на Источната страна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го менуваше хероинот за пласидил, а тогаш ги чекаше да се избодат и да се успијат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во подоцнежните години сметав дека многу работи се нејасни и не се согласував со многу нешта, и тогаш го зедов од него само она што го сакав, а остатокот го занемарив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Умира во Кембриџ во пролетта 1951 година. (...) Кога првпат го читав Трактатот, како студент на Оксфорд во 1931 година, бев многу импресиониран.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш го земаше остатокот од хероинот и им се колнеше кога ќе се разбудеа: „Ти си луд, човеку. Се боцна три пати.”
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Рафал: Уште тогаш го освои. Сака да биде на висина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Доколку на италијанскиот фашизам му го додадеме радикалниот антикапитализам (кој врз Мусолини никогаш не дејствуваше нешто особено) тогаш го имаме Езра Паунд.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа беше кон крајот на војната (поправо, „мојот“ Алжир непрекинато беше во војна, со оглед на тоа што веднаш по крајот на втората светска војна се јавија првите немири што ја навестуваа алжирската војна). 30 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го бев прочитал целиот Жид, а Аморалист сигурно прерано ме упати кон Ниче, кого, без сомневање, тогаш го разбрав многу лошо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Од градината на вљубените е, убавци мои“ и Елена погледот тогаш го крена и виде две пепруги, како долетуваа два небески здива како слетуваа…
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тој тогаш го раскажа она што со свои уши го чул од нив,од Бошета и од татко ѝ на Драганка, кога, како нашинец отишол да ги посети во воената болница каде што, подоцна, и двајцата умреле од раните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Х.Х., тогаш го губеше човечкото во себе, ако не беше веќе целосно изгубено.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А потоа, наеднаш, без да инсистирам на некакво вмимание или пак ветување што треба лично да го изрече, тој уште еднаш потврди дека не случајно спомнал оти знае што ме мачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она: "Јас сум дојден овде со едиствена намера да учам".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Посебно ми падна в очи онаа негова реченица што ги избриша сите мои сомненија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што тогаш го изрече мене ми се допадна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Слушајќи ја птицата, не слушна како Даниел дојде со камионетот, ниту пак го забележа како дојде до неа, сè додека од некое посебно чувство не стана свесна за неговата блискост, и тогаш го крена погледот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Френк зеде еден бетонски блок од купот, што беше по работ на ендекот, и беше готов да се наведне повторно, но тогаш го забележа присуството на Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Почека додека настана пауза од гласовите и тогаш го прати својот глас нагоре, кон лавиринтот од дрвенарија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тогаш го читав Том Соер. Немирното, бестрашно Американче предизвика кај мене нешто дотогаш непознато и јас на Бата му ја преприкажав содржината на Димовите Тројца мускетари и тоа на најизвртен начин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со Луција никогаш не бев онака како што маж со жена треба да биде, иако тоа тогаш го посакував како никогаш подоцна во животот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А штом ќе се обележат со таа етикета, страдањата им стануваат еднакво несериозни – и, на крајот, еднакво потенцијално смешни – како жените и рајата од средниот сталеж чии страдања презрениот жанр на мелодрамата, со својата изместена сентименталност, ги сфаќа сериозно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, етикетата „мелодраматични“ им ги идентификува страдањата како само патетични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Примената на етикетата „мелодрама“, тогаш, не предизвикува секогаш ефект на општествена исклученост и симболично насилство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но кога геј-мажите се нарекуваат себеси во прво лице со зборовите „мајка ти“, или кога тагата ќе си ја претстават преку намерната тактика и театралноста на дрег-изведбата – преку ироничното имитирање на италијанските вдовици – тогаш го пригрнуваат токму тоа декласирање и ги сместуваат сопствените чувства во категоријата на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И кога се случуваше да застанеме за да се создаде колоната, тогаш го галев, му велев браво, стари, издржа и продолжи да издржуваш, немој да откажеш на нерамниот пат, фаќај ја кривината, лапни ја угорнината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Има уште еден кат, но тогаш го немаше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се разбира, тоа тогаш го направив несвесно, по инстинкт, и тоа - само така може да биде и кога би се повторило којзнае колку пати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога конечно успеав да разговарам со неа, дознав дека не е закажан денот на погребот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Било договарано да биде покопан на Пленпале, гробишта кадешто се покопуваат швајцарски значајни луѓе, но тоа не беше лесен потфат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Марија беше станата, но ја облетуваа новинари и фотографи и ја претрупуваа телефонски повици од сите страни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дури тогаш го минав едниот од седумтте мостови преку Рона и тргнав кон хотелот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А ете, јас сум слушнала дека најголем дел од копитарите, ако не го излижат малечкото веднаш откако ќе го родат, ако не го обележат со својата плунка, со тој знак кој ним самите им вели: ‘Ова е мое, ова сум јас,’ тогаш го отфрлаат новороденото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знаеше дека тогаш го гледа Тарс за последен пат и дека никогаш повеќе нема да се врати на тие безгрижни брегови на неговото детство.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Убедена дека е рамнодушна, не ни сети како меѓу сите лица собрани навечер во купчиња под уличните светилки тогаш го забележа него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Х.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Она што јас тогаш го работев беше концептуална, фотографија под влијание на деконструктивистичкото рекламирање во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Лоренс и Хенри Милер, тогаш го имавме “пансексуализмот” на Аретино и Марино. (...) Изворниот порив на маниристите - светот да се опфати со слики кои додуша ги доживуваме неповразани, но можеме да ги сублимираме во хиероглифски амблеми, по 1920-та доби силен поттик - делото на Фројд.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И тогаш го изеде јанѕа. - Идиоту! - се прекоруваше себеси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ќе наближело времето за да го до донесат, сите жени се растурале по селото и тогаш го поминувале по пустите сокаци него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури тогаш го забележа приквечерувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Главата ти е полна со синилото на Јадранот кој што тогаш го викавме наше море.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Беше вистинска револуција во однос на она што тогаш го имавме како детско-едукативна понуда.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тогаш го убија Давидета Недолетниот. Го виделе качен на едно дрво и му рекле: - Што правиш ти, таму? - Еда, ќе летам, му рекол Давиде Недолетниот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас тогаш го заклав едното коковче. Имав три со петлето, а сега останаа уште две. А ги чував за некоја поголема мака, ама кога видов дека сѐ земаат, го заклав. 106
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш го видов оној белец што луѓето го бодеа со колови и го сечеа со секири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Немале засолниште и пресметале: само така можеле да се борат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Нема патување додека не го фатиме.“ „Нема патување, денес?“ „Реков веќе. Ќе појдеме на лов. Ѕверот само така се сотира.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тогаш го чул извикот на имењакот со златна обетка на увото да се влезе во крвавата тепачка со исти такви јатагани или со сорови и секири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Следното утро наминав по златното кутиче, и тогаш го продолживме, со прилично голема жар, разговорот од претходниот ден.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден ловец мирно ги вкрсти лакот и стрелата и дури тогаш го погледна момчето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оној што тогаш го видел со кошчатите шаки и наизглед предолгите раце, со избричена глава, можел да помисли дека пред себе има некој деликвент кој штотуку му избегал на џелатот од под секира. 84 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И тогаш го одложував пишувањето за некои други времиња, следејќи го од далеку митот на трагичната величина на Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Синовите и дијаболично се пресметуваа со својот татко со кого живееја речиси еден мал човечки живот, немоќни пред разулавената југословенска армија, која со изгубената политичка команда го започнуваше по некоја година смртоносниот братоубиствен марш...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко тогаш го закопа длабоко во себе цариградското време со сите мистерии на османското царство кое исчезнуваше и бурното време на спасувањето на преостаната Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Значењето на оваа синтагма излегуваше од турскиот јазик кој тогаш го владеев со малкуте зборови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Бараше ти донесов, Јаго“, рече дојдениот и дури тогаш го виде третиот, се тргна се собра во својата широка и темна облека.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас тогаш го свртив муабетот. Реков: Гробот на Борко за малку, колку за ден-два работа, не се дозаврши.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тогаш го здогледав Симона кој од некаде се појави, но сега застана и гледаше во Лена како во маѓесница.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А кога ѝ рекол МАЈКО - и го повторил тој збор - дури тогаш го кренала челото ничкосано врз згрчените коленици.И го здогледала.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ѕвезда го шета сѐ додека питомо не ја спушти главата врз нејзиното рамо. Тогаш го води на поило.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Еве овој шкаф тогаш го немавме, а ене оној стоеше кај оној ѕид, а другото е сѐ исто како сега, дури и ова ќилимче...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, тогаш го роди и детето, па мислевме, зафатена е со него. Па и, така е со мало дете.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко тогаш го обземаше видлив неспокој, како кај вистински патник чиј последен воз заминал бесповратно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка тогаш го погледна изненадено, без да ја наруши вообичаената тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ти тогаш го водеше Друштвото на жените од нашиот град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш го доживувам вистинското враќање, заедничкото враќање на семејството, во расцутената Мајкина душа, во тие бујни јоргованови цветови, задржани пред самото нивно ширење, пред заминувањето кон небескиот свод.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко тогаш го бараше материјалниот клуч, а Мајка ја отвори вратата на куќата во егзил со еден од клучевите на нејзината мистична врска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И дури тогаш го најде во себе долго бараниот збор со кој можеше да ги задржи но веќе беше ненужно, доцна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И тогаш го додадов она што испитаните од селото ви го немаат кажано.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ќе пливаме ли?“ – тогаш го слуша татко си.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А и претходната книга, со 77-те анти-упатства(!) имаше, со својот успех, благо седативно влијание врз А.П.: промоции, интервјуа, им ја сликаа насловната страница по весници и телевизии, ги најавија дури и на „ТВ Бинго“!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но тогаш го премолчав ова откритие.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека овие податоци се забележани на некоја од хартииве?) А на гробиштата одлучив да молчам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И таман сакаше да побегне во кујната кај мајка си, свика: - Мамо, врапче влегло кај мене во собата, - таа тогаш го здогледа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во црвеник ни го изгореа селото, а на Свети Костадин и Елена почина татко, бог да го прости, кутриот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А нашинчето ми рече: - Мајче, овој вели дека куциот пес ти е син, а не тој...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас свртев глава за да не гледам, ама тогаш го видов крстот на Ставре Попов.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И не стигна да се исуши солзата вдовичка зашто се расчу дека во Никулица, на Пречиста остана во снеговите на Биковик Ставре на Пандовци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но стрико му тогаш го подигна од подот, му ги избриша солзите и насмевнато му рече: - Ајде, Зоки Поки, доста плачење. Погледај нешто ваму!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И тогаш го кренавме она што можеше в раце да се носи и тргнавме по колата на Турчинот .
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури тогаш го забележа човекот од соседната маса.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ова е осврт на животот што тогаш го водевме, моите пријатели и јас - осврт на сликарството, филмот, модата, музиката; на суперѕвездите и настаните кои ја создадоа сцената во нашето поткровје на Manhattan, местото познато како Factory. 22 Margina #10 [1995] | okno.mk 1960-1962
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Успешно се убеди дека францускиот јазик е добар за иднината и дека вреди да се учи, а дека оваа нова и симпатична сосетка само го потсетила на тој факт.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Тетка Олга, ве молам... - се обидов нешто да кажам, но тогаш го видов тетин Јован како влегува во тоалетот само по гаќи и по маица.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И тогаш го видов најголемото сонце, ако беше сонце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури тогаш го презеде шејот од татко ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јас пробав и таквото лепче тогаш го оставив речиси неизедено.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога Duchamp го заврши својот Акт кој се симнува по скали и кога критиката побрза ова разложување на движењата на едно тело да ги спореди со сликарските дела на италијанските футуристи, знаеме со каква категоричност Duchamp тогаш го порекна нивното влијание; неговиот проект, изјави тој, нема никаква врска со нивната естетика.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Само што стигнале долу, Никола здогледал шаторско крило и како што подоцна рапортираше чичко ми Борис, ја исправил главата горе за да го смота, тогаш го погодил куршум в глава.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со нив замина и чичко ми Борис, беше интендант во баталјонот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По едно време Влаинката дојде пак да го посети, и тогаш го најде неговото здрвено тело врз ложникот во куќичката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сè би дала да не сум во Маврово, туку да сум повторно во Париз, и повеќе од сè на светот би сакала да можам да се вратам две години наназад и да го доживувам тоа што тогаш го доживував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вака беше: Откако прилично одамна го добив она писмо од Ивана, во кое таа во детали ми имаше раскажано за нејзините доживувања во Дизниленд, немав мира ни дење ни ноќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Направиле лом тие луди дечишта, велеше, па тој морал лично да ги избрка и тогаш го повикал татко му на Стомачето за да нѐ спакува и да ги исчисти работите од станот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)