тогаш (прил.) - некој (зам.)

Само што влезе во вратата почна на глас да плаче, да реди, како тогаш некој да беше умрел.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш некој од политичарите рече дека тероризмот во земјата станал хронична болест, која е тешко да се излечи, и дека на него се лепат организираниот криминал, нетолеранцијата, ксенофобијата и многу други работи кои со години ќе ни ги трујат децата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И било тогаш некое мало девојченце и се викало Јаглика.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ајде, замавни со ножето за да ти ја разделам главата на резени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш некој Јане Крстин се стрчнал и застанал помеѓу нив со дигнати раце, послаб од обајцата но не со помалку крв во очите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каква ли е таа нова војска? - прашуваа нивните очи, а кога се доближивме до жените, тогаш некоја викна: Коле!!!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И тогаш некои од мажите кои некогаш биле во пампур, рекоа дека пампурот тргна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И било тогаш некое мало девојченце и се викало Јаглика.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тогаш некој смок беше ја цицал кравата моја и ја најдов сета со крв на боските. 206
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш некоја покосница ми поминува низ снагата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш некоја покосница ќе ми помине низ снагата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)