тогаш (прил.) - ние (зам.)

И ние како волци се криеме по овие наши ридишта. Нѐ бараа потукум и нас, но не се прибравме, a не тргнавме тогаш ние со нив макар Јордан да нѐ канеше да одиме во Бугарија, да сме се одмориле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја свршивме овде големата работа, та да одиме Бугарија да сме се одмореле!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сепак, ако е во право, тој воопшто не застапува ништо со стабилна И одредена смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како тогаш ние треба да го разбереме она што тој го вели доколку како такво не постои ништо што тој вели?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вуд (13, p. 225), на пример, јадровито го искажува тоа на следниов начин:”Проблемот на Дерида е да го каже она што го подразбира без да го подразбира она што го кажува”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рози си ја избриша солзата со зглобот од раката, онака како што прават децата, и потоа со детска наивност таа нагласи, „Тогаш ние ќе се ослободиме од неа.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Ако е така“, рече отец Григориј, „тогаш ние сме се соочиле со нечестивиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И кога дојдоа другарите, тогаш ние наеднаш пораснавме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Е, кога го рече ова, тогаш ние сите станавме и почнавме да викаме на грчки: - Имасте етими!!! Имасте етими! Имасте етими!!!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога големата војна заврши, тогаш ние имавме по дванаесет и тринаесет години и по цели денови тогаш само за војување се зборуваше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Волјата на двете сојузни држави: Русија и Австро-Унгарија може да сретне противдејство само од Турција и од нас, но најповеќе од нас, зашто со реформите се бараат, не од нас, а од Турција, задолженија и ако ние со нашите работи покажеме оти тие задолженија што се бараат од Турција не нѐ задоволуваат, тогаш ние само ќе ѝ помогнеме на Турција ништо да не воведе од реформите што се бараат од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се подигне сега прашањето за националноста на Македонците, тогаш ние ќе треба да се вратиме назад за 30 и повеќе години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
До тогаш ние знаевме дека има и дека имало каурски, рајатски и христијански земји и држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Тогаш ние заминавме... - Та тоа е најумното, што можете да го сторите сега, - му одговори Змејко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па, тогаш ние што бараме сакајќи да ги исчистиме нашите јазици од туѓите, посебно од османските заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар нашата работа не е залудна? рече замислено Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Па, ако сето тоа беше токму така, тогаш ние со тебе, миличка, odamna ќе испоцркавме од глад.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
по заодот или за видливиот флуид во меѓучовечките односи ...ако нежноста и грубоста се раѓаат од ист збор тогаш ние сме минувачите ноќната ламба постелината сликите хартијата слободно можат да се избришат просторот е доволно определен со четирите ѕида прозорецот заклучената врата во било кој град во било која ноќ се наоѓаме во таа соба во тие соби преплетени како во дивите приказни секогаш топли секогаш повредени секогаш еден од друг и кога сме во спротивните агли на оградената одаја... сонливата утеха на а-молот или тактилното искуство како поттик за блесочни автопроекции ...задоволството при ненадејниот премин од дур кон мол порано често доловувано во моите импровизиации на отворен и во затворен простор без напор како при сплот на вода и воздух кај еуфоричниот нуркач и сега...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога големите сили не ни дадоа автономија, како што ни ветуваа, тогаш ние молиме да не нè приклучувате кон друга држава, кон друга етничка средина... - заврши учителот и постоја загледан во нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш ние не знаевме ни дека организацијата е бугарска а камо ли фашистичка. Тоа нас не нѐ интересираше. Нам униформата ни беше важна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најмногу зошто во себе, во делчето на тоа некогашно „јас“, добро се сеќавам дека тогаш ние не бевме заедно. Мислам, мајка ми и јас.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Преземените мерки на Британската влада да изнајде компромисно решение биле тема на која ѝ ги посветиле своите коментари неколку американски новинари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
" Крајот од апелот Луис Адамиќ ќе го заклучи со зборовите: "Ако ние, народот на оваа земја, чувствуваме како што треба да чувствуваме, духовна и политичка сродност и поврзаност со иднината, која сега се кова во Европа и која особено е јасна во Југославија, тогаш ние, Вие и јас, треба да направиме сè што можеме за да ја наведеме нашата Влада да ги признае политичките тежнеења на партизанското ослободително движење".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А ако не кажете, тогаш ние по книгата ќе му клајме едно многу убаво и славно име, големо име што ќе се гордеете...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И ак прајте поинаку, тогаш ние ќе ви најме место - ќе ве клајме да прајте друмовишча, камен да кршите и да го делкате за палати...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зашто тогаш ние правевме нешто што сакавме без некој да нè кара и , згора на тоа, родителите беа добри-предобри спрема нас.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ако машината може да се опише само „екстраспективно”, тогаш ние би требало да гледаме на компјутерот кој извршува програм - што е всушност целата соба - како агенс кој има гледиште, а тогаш интуициската пумпа на Searle се крши.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кому ги должиме тогаш ние дубровчаните благосостојбата и богатствата?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)