тогаш (прил.) - никој (зам.)

Имаа различен стил на облекување: Дејвид беше сиот во црно, а Мик во светло еднобојно одело со многу тесни панталони, и T-shirt со линии, сосема обична спортска облека од Карнаби стрит, ништо посебно скапо, но начинот на кој ја комбинираше облеката беше фантастичен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова е праисторија, бидејќи тогаш никој во Америка не знаеше за Стоунси.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А таа: “баш е сладок”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зашто, сѐ можеше да се изврти онака, како со Благуна Јанческа, и од едната несреќа да се умножат две, три, па и многу несреќи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но тогаш, до крајот на последната Голема војна, е, тогаш никој не можеше да прави што ќе му текне, како ќе му пофати срцето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сепак, кога на 7 јуни 1905 година четворица студенти на архитектура се здружиле во уметничката заедница „Brücke” (Мост), тоа претставувало храбар чекор во неизвесна иднина и тогаш никој не ни претчувствувал дека тој датум еднаш ќе биде сметан за датум на продорот на германската уметност во Модерната и наедно почеток на движењето подоцна наречено експресионизам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тогаш никој не можеше да нѐ разувери во нашето верување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А тогаш никој од нас немички да зборува не знаевме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Организација на здружен труд(ОЗТ): Кардељев закон: Кога сите го здружуваат трудот тогаш никој ништо не работи.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Беа дојдени на работа уште пред сонце, тогаш никој не прашуваше за времето и за тоа колку си работел, за сите беше важно работата да се врши и да се искористи времето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Селаните ги погребаа ноќе и од тогаш никој надворешен не го знае местото на нивната вечна почивка, освен Езерчени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Отиде и од тогаш никој не му го слушнал името.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но тогаш никој од нас не отвораше уста: на Лангачот му штракаа камења во џебовите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)