тогаш (прил.) - таков (зам.)

Зашто, ако женското е со шапка, или ако носи свилени чорапи, или ако в раце држи некакво кутре или пак има златен заб в уста, тогаш таквата аристократка и не е некакво женско, туку, да ми извините, мазно место.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Рака на срце во војната имавме другарки во панталони, но тогаш такво беше времето. - Ги прераскажуваше зборовите на командирот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како можеше тогаш таквиот нешто убаво да ти всади во душата, со унија да ти сипат од таквата наука - ништо не се задржува в глава, од едно ти влегло, од друго ти излегло.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гледам, стои една таква дама. Наврела чорапи, заб ѝ болскоти в уста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Токму иконичката сличност на знаците од системот на писмо со прикажаните објекти го карактеризира системот на писмо како пиктографски или иконички систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во случај врската меѓу сигнансите на идеографскиот систем на писмо и соодветните појмовни категории да е условна, тогаш таквиот систем на писмо го карактеризираме како условен или конвенционален.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)