тогаш (прил.) - те (зам.)

Но од мене не можеш да се скриеш, зашто јас имам моќ и да те сонувам, како што тогаш те привлеков а и да ти дојдам во сонот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Не сакам да зборувам со тебе.“ „Не барам од тебе да зборуваш со мене. Јас сакам да зборувам со тебе.“ „Тогаш те слушам.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Ако јас не смеам да дојдам поблизу, тогаш те молам ти дојди овде, сакам нешто да ти дадам.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Ти не мислеше како јас, другар командант, ама многу случувања потврдуваат дека си грешел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, уште тогаш те подучував: другар командант дека безусловното почитувањето на правилата е само за слабаците!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Мислиш? Е, а јас не мислам така, другар Ѓурчин“, ти ќе ми одговореше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И она за каменот што секој човек си го носи околу вратот, тој вели е опасен само ако се најдеш во вода, тогаш те спушта на дното и не ти дава да дојдиш до површината за да загоуниш малку воздух, те држи, вели, долу, додека не ти ја разејне устата и да те напоуне су вода.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тогаш те видов тебе. Седеше во еден од аглите на салонот, сама, уплашена.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И, гледајќи кон другиот брег, кон местото на нашето поаѓање во судбин­ската ноќ, тивко прошепоте: – Сине, премил на мајка, како сега, и тогаш те држев со овие раце.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)