тогаш (прил.) - глас (имн.)

Наместо тоа митрополитот молчи со свртен грб пред него.  Карер реши да стане и да си оди.  „Нема да им однесеш никаква листа на Германците”, го слушна тогаш гласот на владиката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа тогаш глас не пушти: го гледаше, го гледаше синчето свое како восок пожолтнато во постелата каде што лежеше како да не верува оти умрело и потем туку ѝ шумнаа солзите како кога ќе прокапи вода од дупнат сад.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Беше тоа едновремено и болка и пизма, и љубов и гнев, во секој случај Карер почувствува едно силовито зрачење од ликот на високосвештеникот што и него го ободри и го исправи на столицата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)