токму (прил.) - мене (зам.)

- Па тоа и за обичен војник е сфатливо и не разбирам зошто токму мене ми се упатуваат такви поучувања или инструкции... - дофрли Кикицас со тон во кој сега изразито ја искажа својата навреда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој лик озарено го гледав изгубена некаде во просторот и времето, во моментот кога изгубив чувство за себе, во делот од стотинката на моментот, кога заборавив дека постојам, тој лик ми прозборе мене. Токму мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како да стапнав на некое оградисано место, како да разбудив некој од вечноста, кој токму мене ми се одмаздува...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- И зошто токму мене ми се исповедаш?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако љубовта влегува низ уста Ако љубовта влегува низ уста, со што ги предизвикав двете млади жени пред извесно време токму мене да ми го понудат најновото издание на „Куварот“ од Младина?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Убиецот тргнал токму мене да ме бара.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Гласот стануваше сѐ појак. - Бреза, Бреза, јави се, каде си, Бреза?!?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И наеднаш, како токму мене да ми се правда сериозно почна да објаснува дека не ги сакал одморите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, според она што го видов во просторијата каде што се втурнав неочекуван од никого не можев да откријам ништо повеќе од она што го наслутував: во канцеларијата беа сите тројца, и уште оној несреќник Грофот, за кого само ќе речам дека се стаписа кога ме виде токму мене и згора на тоа со револвер в рака.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројтно и не помислуваше дека станува збор за неговиот револвер што овојпат го беше заборавил на ременот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од каде да помислам дека од сите шеесет и двајца запишани ќе одговарам само јас?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Кога колата ќе тргне наудолу, кога ќе се скршат сопирачките и под колата да се фрлиш, нема да ја запреш... ќе речеше баба ми. Е, Марко, Марко! Така ти е кога си искрен!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На почетните прашања одговорив точно, небаре за лична карта - така токму мене ме пронајдоа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Секако, ме болеше, ама мене ми беше убаво дека тој токму мене ме брка, а не некое друго девојче.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тој секогаш ме влечеше за плетенки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Сепак дојде! - со прекор во гласот ја изрази Величковски својата зачуденост, но истовремено беше и насмеан, и во таа насмевка беше содржано и објаснувањето дека токму мене ме очекувал.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)