токму (прил.) - нему (зам.)

Тонот на неговиот глас веднаш навестуваше целосно признавање на вината и истовремено некаков ужас што еден таков збор воопшто може да му се припише токму нему.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа сакаше расказите да му се допаднат токму нему, единствениот кој не беше импресиониран.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таа беше толку бесна, што тој не се осмелуваше да ѝ каже како дојде до тоа, поштарот писмото да му го даде в раце токму нему.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еден опцул, повеќемина му се придружиле - по таа двоколка на триесет и шест запреги им бил запрен патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стопанот не ја сфатил веднаш несреќата, Се веднел и безизразно се пулел во легнатото тркало - токму нему ли, стопаничина, му се случило најлошото!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По таа причина Мехмед стана близок до Сулејмана и овој неколкупати му возложи токму нему да ги оствари тие негови планови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И токму тогаш, и токму нему?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ беше логично во експликацијата на судскиот вештак и во рекапитулацијата на полицискиот иследник, освен што главата на доктор Миха како татко беше празна тиква, во која уште семките на прашањата сѐ посуво што го надјачуваа: зошто токму син му, зошто токму нему, прво на синот пред потоа и на таткото да им се случи тоа, зошто токму нив да ги погоди грмежот од небото кое и така грми па може да удри и во грмушка?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Затоа ѝ беше потребно по неколкупати да му повторуваш што си рекол, ако сакаш да сфати дека му се обраќаш токму нему, а потоа ќе требаше да му објасниш која ти е намерата или што сакаш да дознаеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
" А колку многу му должи токму нему, на чичко Видан!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Немам право?“ му се насмеа на келнерот, а не беше сигурен зошто токму нему му го упатува ова прашање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Роднината Леонора, токму нему можела да му расветли уште многу поединости.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)