токму (прил.) - нив (зам.)

Злото ги погодува токму нив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Затоа, и покрај сета нивна ненаситна морничавост, Змејко секоја вечер наново ги исчекуваше токму нив, да ги чуе, да ја здружи со нивната исконска самотија и својата, бидејќи само со нив тој успеваше да заборави на себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа прво далечни завивања, кои можеа да се дофатот само кога си заслушан, исчекувајќи ги токму нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кажуваше брат му на Фета, страшен милет биле Маџарите... – А токму нив сака нашиот падишах да ги покори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сѐ беше логично во експликацијата на судскиот вештак и во рекапитулацијата на полицискиот иследник, освен што главата на доктор Миха како татко беше празна тиква, во која уште семките на прашањата сѐ посуво што го надјачуваа: зошто токму син му, зошто токму нему, прво на синот пред потоа и на таткото да им се случи тоа, зошто токму нив да ги погоди грмежот од небото кое и така грми па може да удри и во грмушка?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ние, озлобените и гневни поразени борци на ДАГ во својата понижена гордост и достоинство – ниту сакавме, ниту имавме желба да ги ислушаме тие, кои партијата, т.е. Захаријадис и неговите, ги покажа со прст и токму нив ги обвини за поразот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ја слушавме захрчената кутија обесена на врбата, по наведените имиња на планините и ридовите, веќе знаевме дека облакот на војната виси над нашите куќи и токму нив ги гори оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А смртта токму нив ги одминуваше. Како да не ги сакаше. Дали ми веруваш?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зашто, тоа нема да можат да го остварат сите читатели на овој текст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Токму нив, тие три мали лаги, треба да ги додадеме во приказната како основа на овој љубовен лек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)