токму (прил.) - она (зам.)

Оној никогаш не се научи да работи, сите знаеја дека тое и е токму она.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога имаат молив немаат тефтерче и така уште ненапишано го забораваат токму она што не е за заборавање.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
(Сигурно, возможно е да се обопшти овој феномен на луѓе што не се геј- мажи, бидејќи сите во еден или во друг миг почувствувале дека голем број од гламурозните по кои желувале се над нив, недостапни, па дури и дека чувствувале одбивност; но барем хетеросексуалците не чувствуваат дека предметите на нивната љубов им се категорично недостижни, бидејќи спаѓаат во погрешниот пол, што е токму она што го доживуваат геј- мажите).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Според тоа, беше неопходно одново да се напише еден дел од говорот на Големиот Брат, на начин што ќе покаже дека тој го предвидел токму она што се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога имаат тефтерче, немаат молив.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На рана возраст во животот, во кои и да е миг кога стануваме силно свесни за своите желби, геј-мажите откриваат дека повеќето човечки суштества што нѐ привлекуваат ни најмалку не се заинтересирани за сексуална врска со нас, дека не ги привлекуваме и дека не може да ги привлекуваме и дека некои од нив самиот факт за нашата желба ги грози.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
23 Токму она што е надвор од заедницата (туѓото) служи за кохезија и зацврстување на заедницата како внатре.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)