токму (прил.) - збор (имн.)

Штом го изговорив ова, се сетив дека тоа се токму зборовите на Игбал што ми ги упати кога разговаравме за Мартин и во истиот миг сфатив што сакал да ми каже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Истото охрабрување му требаше сега на Саше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- За љубовта сешто се зборува - се обиде да посредува Зрновски - И јас најсериозно сметам дека љубовта најмногу ја нагрдуваат токму зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)