токму (прил.) - за (предл.)

Токму за тие „разочарани” и „неразочарани” словенофили Мисирков тогаш и писмено ги извести ВМОК во Софија и ЦК на ТМОРО во Солун.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овие песни го ловат својот СОЗДАВАЧ, а притоа му ја смалуваат можноста за интервенции, зашто она што ги прави да бидат единствни е нивната затвореност токму за дополнителни интервенции.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Криејќи пари од Никодина, Светлана одвојуваше по дел од кусурот токму за оваа намена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа го знаеше и Славица која ја започна темата токму за тие од кои се чувствуваше загрозена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега се сети дека токму за оваа последнава, навидум најлесна за читање, книга на Хесе се разви најголемата дискусија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Токму за тебе ќе се залепи!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Убаво време ноќва. Оддолу, под шубарата, го престрелуваат две сјајни жеравици: - Токму за мене.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И додека Џеки и Белчо претставуваа голема радост за децата, за нивните родители станаа голема грижа, па затоа на еден состанок на куќниот совет се разви широка дискусија - токму за нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Математиката си е тоа. Со Мирјана зедовме молив и пресметавме што може да се стори со една плата. Токму за живеачка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И во времето кога се ближеа залезите на нивните животи и кога бевме далеку од нивната семејна орбита, со наши семејства, тие веруваа дека сѐ уште не престанала нивната мисија, нивната родителска грижа, посебно на Мајка која, и натаму, веруваше дека Бог ја одржува во живот токму за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така решив да ја пишувам оваа книга токму за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)