токму (прил.) - според (предл.)

Кејџовата алтернатива е замислена токму според човековата мерка: таа нуди сеприсуство и сооднос со нештата од околината, непречен живот а сепак заеднички во органската и природна целост на светот, што отсекогаш е присутно и длабоко врежано во духовниот живот на Истокот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Среќниот завршеток сакаше филмот, што ја одбележува Хичкоковата трета етапа, „Непознати во возот”, да биде снимен токму според романот на Патриша Хајсмит; во него го сретнуваме традиционалниот Хичкоковски мотив на „пренесена вина” во облик „убиство со тројца”, убиство при кое се врши замена - сторителот (психотичниот Нарцис) го извршува убиството на некој друг, за својот хистеричен партнер, со убиството се реализира неговата желба, со што хистерикот е виновен иако ништо не сторил. 36 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За такви утврдувања, неопходно е разгледување на посуштествените внатрешни карактеристики на системот на писмо, што би послужило како основа за претпоставување на зависноста на определен систем на писмо од определен извор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
По ова, токму според планот на ликот, писателот од срам се самоубил, оставајќи ја недовршена автобиографијата со несреќен наслов - "Мојот лик и дело".
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Една од ваквите внатрешни системски карактеристики на писмото претставува редоследот на графемите во системот и токму во тој поглед ерменскиот систем на писмо покажува неспорна врска со грчкиот систем на писмо: токму според моделот на грчкиот систем се издвојуваат соодветните звуци и се сместуваат во определен редослед, кој на почетокот го рефлектира редоследот на грчката алфабетска низа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)