токму (прил.) - така (прил.)

Уметност? Алтруизам? Да, драга Агна, токму така. Уметност, љубов, алтруизам! Местово не може да се препознае. Се измени сликата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
НЕ ЗНАМ дали постои град, град на градовите, поубав, пораспеан, потопол, поромантичен, поурбанизиран, се разбира по Париз, во старата Европа од - Будимпешта. Без никакви претерувања. Токму така.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Токму така, живи ќе ги изгориме овие пезевенци — ги потврди и овој кајмаковите зборови и веднаш се распореди да се донесе газија и шмркови да се запали куќата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека дојде најпосле кој бил од битолските конзули, ќе видеме, — му одговори пак Јован и си ја приготви и другата бомба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па си велам: Будалче, не размислувај... денот ќе си го расипеш... есенската прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од бебешки денови создаваат робот и никако не можеш да се ослободиш од: миј заби, миј лице, триј раце со сапун, облекувај чисти гаќи, и чиста маица, и чисти чорапи - секој ден! - секој ден! - и чешлај се, и пиј млеко, и јади леб со мармалад... секој ден - сѐ според еден калап...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мора токму така да си врви, како што се движи стрелката на часовникот - одлево надесно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А ја Вип го дефинирав како Виллаге иммигрант персон. Токму така.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Токму така - морето е против нас! Нашата земја е мала, издолжена, со голем брег на две мориња: Јадранското и Јонското.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јован ми рече, оној Јонче од тетовско, божем слушнал како Богдан од Комитетот рекол: „Оставете го другарон, почна да му истекува горивото!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или и ова се само знаци и потврда за неконтролираното истекување на горивото. Токму така!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој Јонче тетовецот заклучил дека она за другарот а и за горивото за мене се однесува. Треба да се провери.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Токму така“, рече Филозофот. „Да видиме сега што имаме: Леб ќе јадеме и ... ќе пиеме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Точно, токму така беше... Така беше и добро е да е запишано.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да паметиш, да не заборавиш. Токму така. А тука во Скопје, одново се судрија противниците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Токму така. Како и сите други наставници.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
138. И во овој поглед Мисирков точно го антиципирал идниот развиток, зашто Бугарите навистина дури во најново време (1978) настапија токму така во однос на изградбата на македонскиот литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Е, токму така! И така ќе биде. Сакам и јас понекогаш да се „откачам“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да, токму така. Но, ова и не мораше да ми го кажеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој не би издржал ако не се случеше токму така.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ако сите го велат тоа, тогаш тоа е токму така.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Забележав триесетина млади луѓе кои, наведнати над големите маси за цртање, дури ни со поглед не ме удостоија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Вие ли сте господинот Андре Лежен?“ праша. „Токму така“, одговорив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Токму така! Мојот татко си го планирал и државниот удар против себе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Токму така. Во близина на Судовите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сестра ти, што да кријам, да знеш само како ми ја бришеше тагата. Со каква умешност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некој беше пресудил да нѐ нема, и кон нас се однесуваа токму така, како под такво нарежденије Васј!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Божем она што помогнала таа да се случи морало да биде токму така и никако поинаку.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Зар не е блиску до умот дека токму така можело тоа да се случи!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Токму така! – кликна – Прекрасно, виде!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Да, господарке, токму така!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Така е, мила мајко, токму така, жими тебе...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Токму така направи шинтерот Ф во ноќта дотогаш непозната за него; во ноќта кога со чудна помиреност го прифати прогонството во пределот каде кучињата се плашат од луѓето-скитници; во ноќта кога сфати дека дење гулабите се сиви колку и небото, па не се гледаат, исто како да не постојат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Носат... Да, тоа е реалност... Да, токму така!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А, тоа значи дека само така ми се чинело, нели? - Токму така, - рече таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Татко ми вели дека ќе оди во спалната малку да дремне, а брат ми повторно ги обува патиките, се разбира без одврзување, туку ги нагазува, токму така како што татко ми да го види веднаш би му свикал, и оди надвор: - Само да знам – довикува од вратата – ќе правиш денес колач или воопшто да не се надевам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)