токму (прил.) - толку (прил.)

Со дедо ги изброивме цртите и беа токму толку, колку што бараше даскалот. A тој утредента, откако ми ја виде тетратката, ми рече: - За утре пак толку, ама на оваа страна да се навалени.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Имаш, имаш токму толку колку што барам. - се јави само глас од под качулката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите поединости биле грижливо пресметани и уточнети од овие љубопитни поединци па никој и не пројавил посебна желба повторно да пресметува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Росана исто така ѝ открила на Босилка дека за една ноќ заработува токму толку колку што Босилка заработува за цел месец борејќи се со сите оние грди купишта од чаршафи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секогаш ги имаше токму толку на број, десет, и тоа изгледа само затоа зашто сметаше дека така ќе им го зголеми значењето според примерот на Десетте божји заповеди. Ниту еден повеќе ниту еден помалку.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа не се обидуваше да се откачи од него, но чекореше токму толку брзо за да го спречи да оди паралелно со неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или, поминало токму толку колку што било потребно посаденото да се запати, да нарасне и да заплаче!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)