токму (прил.) - тука (прил.)

На прво место, еден разлог за неприфаќањето на Витгенштајновото отфрлање на интенционалистичката психологија, како што видовме, е огромната супериорност која тој, како експланаторен систем од поими, ја има врз голото гестикулирање во поглед на фактот за усогласеноста во однесувањето заснована врз „согласноста во судовите” од која зависи Витгенштајновото објаснување на владеењето со правилата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Можеби токму тука, во неговиот придонес, заедно со други мислители во дваесеттиот век, кон подривањето на картезијанската перспектива - наредните генерации ќе го препознаат најголемиот придонес на Витгенштајн. превод и подготовка: Жарко Трајааноски 68 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Nick White ЛОКАЛНА СЦЕНА [ Интервјуто со Д.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова беше имплицитно во целото проследување на концептот на следење на правило.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Попрво, обременетоста на содржината почива токму тука - во специфицираните јавни услови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Уште една поента која тука накусо треба да се одбележи е дека доколку некој е подготвен да прифати едно интенционалистичко објаснување на разбирањето заедно со гледиштето дека стекнувањето и употребата на она што на тој начин е разбрано, е нужно јавна, со тоа би го прифатил она што понекогаш се нарекува „обременет” поим на содржината, но не оној во кој менталните содржини треба да бидат индивидуирани преку објективно сфатените состојби на светот, т.е. состојби кои постојат независно од она што од нив го прави заедницата преку која се стекнува содржината за која станува збор и од чија страна се ограничува нејзината употреба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова објаснување прави мистерија од она што некого го оспособува да го следи правилото, и тоа од оној вид кој ниту едно трпеливо истражување не би можело да ја реши: бидејќи, токму тука, како што ни беше кажано, на објаснувањето треба да му се стави крај.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бикот на алтернативните светови мораме токму тука да го фатиме за рогови.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Токму тука нашите луѓе ги поставуват шаторите, ги паркираат приколките, зашто тука уште не се наплатуваат такси, за ова или за она. Се сместуваат и - летуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
При виртуалната стварност, при компјутерското водење љубов, со коешто оперираме на денешниов степен, проблемот се појавува токму тука.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Претпазливо, како секој искусен стратег, ги распореди своите единици од Скочивир до Беловодица и почна претрес по целата Селечка Планина и Смечот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сведенијата беа, ете, точни. Токму тука се најдуваа сите раководни лица на востаничкото движење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку, нејзиниот расказ совршено се вклопува баш во оваа Маргина, токму тука некаде меѓу лудилото на Волчар&Коала и лирската рафинираност на В. Урошевиќ.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Бикот на алтернативните светови мораме токму тука да го зграпчиме за роговите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Еве, токму тука, - и велам на сопругата - под сенката на оваа црница се собиравме секој ден претпладне ние децата од нашето село... – Тука – велам – се собиравме и чекавме... чекавме да дојдат камиони и да не вратат дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во таквите утра се прашуваше што пропуштила во животот и која патека од многуте што ги избрала ја донела токму тука, во носталгијата на дождливите утра.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Денешната ширум светот застапена расправа за Модерната токму тука го наоѓа своето исходиште.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Марија, сфаќајќи дека токму тука ќе биде оневозможена докрај да ја доведе својата замисла, го оттурна изненадениот службеник и истрча на терминалот, не испуштајќи го детето од раце.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Токму тука, на ова место, додека е зафатена со себе и со внучињата а и со Костадина кому му е наменет полниот чипчак со чај, до Добра се прибира нејзиниот маж, ги крева неколкуте бовчи а нејзе ѝ дава ишарет да го проследува по дирата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но, со текот на времето, по заминувањето на Мајка, се чинеше дека токму тука беше задржана нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не би сакал ниту да задоцнам ниту да згрешам! ѝ велите на Јана и се однесувате како некој да ве испратил токму тука за да ја пресретнете и да ѝ го тутнете в раце токму ова навистина шугаво прашање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И Јана е изненадена, но нејзината збунетост е исполнета со поинакви составки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пуританска опседнатост со потеклото токму тука кадешто веќе нема територија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Опседнатост со прибежиштето, со допирот, токму тука кадешто сѐ се одвива во една астрална рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кејџ се обидува да нѐ увери како тој всушност “снима” извесни конфигурации и произведува објективни “фотографии” или “разгледници” на јазикот, но токму тука се покажува дека таа објективност е празна и дека јазикот е пред сѐ човечки артефакт, со структура и значење кои на тој начин не можат да се уловат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Новите економски практики на реапроприрање и преструктуирање на јавниот простор, заедно со 149 Benjamin H.D. Buchloch, “From Detail to Fragment: Décollage Affichiste,” October - Vol. 56 (Spring 1991): 100. 150 Naomi Klein, No Logo (London: Flamingo, 2000), 196. 151 Peter Sloterdijk, “Atmospheric Politics” in Making Things Public: Atmospheres of Democracy, ed. Bruno Latour and Peter Weibel (Cambridge, Mass.: MIT Press, 2005), 951. 118 отсуството на вистински јавна сфера дефинирано преку критички дијалог, ја зголемуваат нужноста и итноста за алтернативни дискурси на официјалниот во којшто доминира рекламирањето.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
А токму тука може јавната уметност, од активистичкиот или политички ангажираниот тип, да понуди силен отпор кон структурите на моќта, како преку својата критика на комерцијалната злоупотреба на јавните простори така и преку преобликувањето на урбаниот пејзаж со истовремено надминување на старите просторни хиерархии и сегрегации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зошто токму тука и зошто повлекување на Вичо?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)