токму (прил.) - ќе (чест.)

А Јован пак си мислеше и кроеше како да дојде до Митрините лирички, да си ја подобри материјалната положба, а од друга страна и Миша му се бендиса, та токму ќе може да си ги исполни и двата плана ако се истави Толе од него и ја остави сама.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На почетокот на тие неугледни скали кои портокаловото осветлување нежно ги простираше угоре, кон ликот на Мари-Клод во својот стан, опкружена со својот мебел, гола и заспана, ја бакнав во косата, ѝ ги погалив рацете; таа не ја побара мојата уста, постепено се одвојуваше и од грб видов како се качува низ уште едни од безбројните скалила што најпосле сите ги одведуваат а јас не можам да ги следам; дома се вратив пеш, без пајаците, празен и испран за ново исчекување; сега тие не ми можат ништо, играта уште еднаш ќе почне како толку пати порано но само за Мари-Клод, во понеделник - симнување кај станицата Курон наутро, излегување на Макс-Дормоа среде ноќта, во вторник влегување на Криме, во среда на Филип Огист, прецизно правило на играта: петнаесет станици од кои четири се спојуваат со други врски, а тогаш, на првата од тие четири, знаејќи дека ми претстои линијата Севр-Монтреј како што на другата ќе морам да ја земам врската Клиши-Порт Дофин, секој итинерер е одбран без посебна причина бидејќи никакви причини и немаше, Мари-Клод можеби ќе се качи блиску до својата куќа, кај Данфер-Рошро или на Корвизар, можеби токму ќе преседи на Пастер за да продолжи кон Фалгиер - мондријановско дрво со исушени гранки, случајноста на црвеното, плавото, белото, точкастото искушение; четврток, петок, сабота.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Штом е братски- реков јас по токму ќе сркаме. Една лажица јас, една ти.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Денес токму ќе го земеше костумот од шивачницата на Киркор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но сега е четврток, ова е станицата Шемен Вер, надвор се спушта вечерта, треба нешто да се смисли, можеби дури и не делува премногу неверојатно тоа што во другиот воз, тоа што во четвртиот вагон, тоа што Мари-Клод е на седиштето крај прозорецот, тоа што и самата здогледа и што се исправа испуштајќи крик кој 64 никој освен мене не може да го чуе така среде лице, среде таа трка за да скокнам во преполнетиот воз буткајќи ги патниците што негодуваат, шепотејќи ги извинувањата кои ниту некој ги очекува ниту ги прима, стоејќи наспроти двојната клупа заземена од нозе и чадор и пакети, која ја зазема Мари-Клод со својот сив капут покрај прозорецот, црниот прамен при наглото тргнување н возот малку се затресува како што се тресат и нејзините раце иако се ставени врз бедрата додека го упатуваат тој повик што нема име, кој е само тоа што токму ќе се случи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Ридот ништо не родил“, повторува тврдоглаво таа, „туку сѐ што дојде и сѐ што не успеа да се врати од тој рид беше дело на оние будалине што тргнаа да го освојуваат иако не знаеја што токму ќе треба да освојат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не можеш сите да ги паметиш. Токму ќе му го научиш името и ќе го однесат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)