толку (прил.) - може (гл.)

Една треска беше ме удрила и треперев ко лист под веленцето. Чај пив што пив, ама чајот толку може.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Иноверците, - вели Сатирот. – Само толку можам да ти кажам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Голем е Господ“, ќе речеше татко ми, ќе го извадеше ќесето од џебот во џамаданот, ќе му го подадеше на дедо и ќе му речеше: „Еве, татко, толку можев, толку донесов!“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А јас знам дека, до пред 5 минути, мавтала и правела провев, ама толку може.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Слези долу! Прв пат го сакам тоа од тебе. Толку можеш.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Со какво срце ти дојдов да те видам!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тој беше свесен дека прашањето за чистите јазици, колку што беше од универзален карактер и ги тангираше речиси сите јазици во светот, во различни историски периоди, толку можеше да има и посебен карактер на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Париз е мелница... Колку што градот е убав и ти пружа убавини и пријатни доживувања толку може и да те сомеле и духовно изобличи и додека го сватиш тоа да биде доцна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)