толку (прил.) - глупав (прид.)

- Парламентот? Таа збирка на уникатни полуписмени и корумпирани дибеци беше до толку глупава за да донесе нешто што се вика Резолуција за предавање на власта.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тенеќе! Мисли дека јас сум до толку глупава и не знам дека тој посакува да стане зет на влијателен полковник и по неколку години да влезе во парламентот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не се бунам само јас против честите одења во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како можат да бидат толку глупави и да носат одлуки во мое име што е важно за мене, а што не?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ТРОШЧЕЈКИН: Твојата критика на мојата уметност, т. е. на најглавното и неприкосновеното во мене, е толку глупава и несправедлива, што сите други твои обвинувања веќе губат секаква смисла.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А кој е толку глупав за да краде гласови на заклани животни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не е тој толку глупав па да го каже тоа што за возрасните не е работа!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А тој Генерал излезе толку глупав, не сфати до последен час дека Сузи и мене ме сака.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замисли си, мила Васке, толку важна ситница а јас да ја дознаам дури на гробот на мој Ролан!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Толку глупави прашања никој не ми поставувал во животот како татко ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)