толку (прил.) - грд (прид.)

Како им го најдов толку грд: кривоног, мршав, со расипани заби, смрди на алкохол и мириса на ливанто, со расклештена смеа, со очи крупни како да сакаат да му излетаат настрана.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас сум исто толку грда како него со мојот завој и личи како да се гледаме во огледало, како да сме си направиле гнасно-убави двојници.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Другарките ме гледаат и се преправаат дека не сум ужасна глетка, иако во очите им гледам нешто помеѓу страв и љубопитност, дури и доза на ситење поради тоа што тие немаат фаличен орган на лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не беше ни толку грд, само очите што му беа налудничави.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)