толку (прил.) - добар (прид.)

Односите со поп Спиро од неговото Полчиште не беа баш толку добри, бидејќи тој секогаш кога служеше во манастирот бараше од дедот Сталета да му плати цела бела меџудија, а врз тоа парите од молитви, крштења, пеанини и друта свештени работи не ги оставаше попот на манастирскиот диск, ами си ги прибираше во својот џеб, та дури и литургиите што ги носеа селаните за нафора си ги клаваше во торбата и им ги носеше дома, на попадијата и дечињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, за мене, изјавата „Не сум толку добар писател“ е доблест која, во ниту еден случај, не може да им се препише на нашите творци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Немаше толку грубо да ме откачиш, а јас бев толку добар со тебе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Старите текстови, врежани на статуи или насликани на свила или папирус, се исто толку добри и креативни како и денешните најсмели графички дизајни.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Мислам дека ниеден друг човек што воопшто го познавам не би можел ни одблиску да биде толку добар Маклабас како Илија Даскалов.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А, ете, сепак, тоа ѝ се случува на мојата толку добра другарка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Мамо, ти нема ништо да им направиш на зајачињата. Тие се толку добри! Тие се наши другарчиња!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Освен тоа, Милан веруваше дека јајцата што се неквачени во седело, не се толку добри, тоа што на јајцата им даваше концентрирана хранливост беше семето на петелот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ристосија, Ица, по војната, особено откако дозна дека таткото (Дракчето) го заробиле Грците и некаде во солунското го погубиле врзувајќи го за некој џип и влечкајќи го по некоја солунска турска калдрма, имаше среќа да се реши да се омажи за Најдо Пашалески кому жената му почина и кога затоа што беше толку добар човек сите го сожалија и му помогнаа за жена да ја зеде Ица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но вие се толку добри, и ноќта е толку светла од месечина, што јас некако се срамам да го попокренам тоа прашање.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, не само заради тоа, сите дома го засакаа. Беше ли толку добар? Не знаеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Толку добар. Убав човек. А ете, судбината однекаде ѝ го донесе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Толку добри луѓе Дики, оќелавуваат на 16 години, а овие уште 206 години да живеат влакно од главата нема да им падне!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Сања... -Да не бевте вие, уште одамна ќе се обесев, богами - се вознемири самоубиецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Никогаш не сум сретнал толку добро друштво. Како во гроб. Цел живот би ве гледал.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога ме дупеше ме тераше да му ја кубам Маргина 37 147 косата!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Не, ти никогаш не си бил женет, ниту пак ќе се ожениш, бидејќи така си заречен – дури си жив да бидеш толку добар, што благодетите кои ти ги истура животот, да им ги подаруваш на другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Така ме викаат другите, ама јас не се согласувам со додавката на моето име, оти мислам не сум толку добар и не ќе бидам добар до колку не им угодам на прекрасниве суштества, што сум ги создал, а нема со кого да играат...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Токму тоа - реков, можеби по малку и гневен - не можам да сфатам: ме обавестуваш за смртта на нашиот пријател а ти си во толку добра кондиција и покрај лелекањето преку телефонот за обетките, облеката, шминката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таквиот опис би бил исто толку добар дури и во случаите кога зборот е составен од 20 милиони или 20 зилиони букви.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)