толку (прил.) - жив (прид.)

За мене оваа дамна напишана книга, по преведувањето на француски јазик, со вистината за балканските кози, не верував оти еден ден може да ги задржи толку живи своите значења.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И никаде толку жив залез, толку многу исполнет со противречни чувства, спомени и размисли.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Смртта е исто толку жива појава.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Беа толку живи што ѝ се причини дека сè уште го слуша она таговно, а бесно офкање на мајка ѝ додека умираше дома...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Денеска ме излага ѓаволот, та ошче еднаш — толку жив ќе биде!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кутрите, уште не научиле дека минато се и сите скришни љубови, па да го постават клучното прашање за истрагата: навистина ли се само обично минато скришните љубови при толку живи бивши љубовници?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
-Човекот е толку жив, колку што има живот во себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Птиците, по дневните жештини, ги напуштаат седелките и сенките, првнуваат од житјата, од тревите, од короните на дрвјата, и гласејќи се една на друга, почнуваат да го надлетуваат просторот над Потковицата, вршките на дрвјата, покривите на куќите; жабите се огласуваат од ендеците, вировите и блатата, некоја осамена ѕвезда заискрува на небото, и гората зашумува и ветар повејува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)