толку (прил.) - занесен (прид.)

Толку занесена, исчукана од умот. 67.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беа толку занесени што не забележаа дека пристигна еден жолт автомобил и од него излегоа еден маж и една жена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Младата наставничка понекогаш ќе се загледаше преку прозорецот, од каде што наѕираа гранки и низ нив сино небо, и како да се загубуваше сета отсутна за миг, -на усните ќе ѝ се јави една толку лека и толку занесена усмевка, што мене просто ме принудува да ја следам и внатрешно да учествувам во неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тие беа толку занесени во играњето што не ме ни забележаа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)