толку (прил.) - млад (прид.)

И навистина, и Доста, иако мајка со дете на гради, скромно облечена, па и не толку млада, не се разликуваше од најубавите и најмладите невеста, па дури и постари девојки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Мими, мила, - како да јуришаат на неа две жени, не толку млади како неа и не толку убави.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој не може веќе ни да се праша од каде олкава дрскост кај едно толку младо девојче, такво однесување спрема непознат човек.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
За средината во која што живеев тоа беше храбра одлука толку млада да се одделам од родителскиот дом.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А, пријателката те сака како свое дете и се грижи за тебе и ѝ е жал зашто некој како тебе, толку млад и толку убав, оставен сам на целиот свет, без родители и без татко на детето... грев е.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Патувањата ме исцрпуваат. Не сум веќе ни толку млада.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ама, вистински би се препалил да го знаеше и ова: илјада и петстотини јаничари беа пуштени по Румелија и тие требаше да испофаќаат и донесат назад во Турција уште двапати по толку млади робови на околу петнаесет години, што ќе ги држат после под строг надзор уште шест години, додека да станат јаки, скромни и послушни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Разбирам зошто во времето на баба ми, девојките се мажеле толку млади.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сѐ е толку младо, кревко, крцкаво, зелено и во други бои.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
— Како се реши толку млада да родиш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Марија се понадева дека секретарката, бидејќи беше толку млада, ќе ја сфати и ќе ѝ помогне да влезе кај претседателот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не беше толку млад колку ми се чинеше отпрвин.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Никого не обвинува, ни Господ што ја зеде толку млада, ни татко кој веројатно можеше повеќе да стори освен таа една доза пеницилин од Америка, а не верувам ни мене дека ме обвинува од што немав доволно време за повеќе да ѝ се посветам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа е мислам и областа во која најтешко ќе се сложиме. Јас, стар и изнемоштен а вие толку млад!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овој чуден изблик на недоразбирања следени од необичното однесување на Јана наеднаш го прекина гласот на Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Да не беше така, и да не се оженеше толку млад со стрина ти Ката, - имаше обичај да рече баба ми, - кој знае до каде ќе стигнеше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најмладиот најубавата долго ја оплакуваше (Беше толку млада и му беше жена).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)