толку (прил.) - природен (прид.)

Требаше да го пречека Татко попладнето, така што имаше време да се справи со последните османски заемки, според договорот со својот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа се обични мои пријатели, познаници и е толку природно што сум ги поканил дома на едно мало поседување на кое фино потпивнувавме, мезетевме, разговаравме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа беше толку природно и неизбежно како што беше денот што настапуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Шипецот како од пушка објасни: „За да нема кој да го плати кога ќе си оди“, рече Али како да е ота толку природно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како би било да се запреме, си рече жената - и небото, и водите пред кои стоиме, и веселоста во детското око, и разгледницата од пред николку дена, со кејот на еден град и мостот, што лежи, толку природно во песокот, додека брановите шумолат, бришејќи ги игрите на нашите стопала по мокриот морски песок.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Со него сè е толку едноставно, толку природно, толку лесно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зарем не ти рекоа? Или не си чула? лулањето на колковите девојката не го изведе како ти: толку природно, а толку шик!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Навистина убав, обмислен ред на постапки; сѐ се чини толку природно; мислам дека неа воопшто не би ја збунил заклучокот дека сите овие постапки всушност укажуваат дека таа е домаќинка која отворено ја прикажува својата наклонетост кон уредноста: Ништо не смее да пречи, да недостасува но дури ни да стрчи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Здржани постапки што не смеат дури ни да потсетат а камо ли да ја употребат онаа толку природна забелешка што многу е присутна во вакви случаи: дека на овој удобен дом му недостасува само уште женска рака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)