толку (прил.) - пријатен (прид.)

Таа кон него низ целиот тек на емисијата се однесуваше како кон некој досаден давител од автобус - постојано му испраќаше непријателски погледи во стилот што-не-се-откачиш-од-мене-веќе-еднаш.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За да биде поубаво, таа во еден момент толку се изгуби што право во камерата упати еден вистински A-look.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И тогаш Мерв почна полека да сфаќа дека Бригид и нема да биде толку пријатен гост и беше во право.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Просто е за восхит како Бах можел од една таква тема да створи толку пријатен интерлудиум.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)