толку (прил.) - слаб (прид.)

Зошто има толку проблеми при апликациите на компјутерската логика врз природната околина, во физичкиот свет?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зошто е толку слаб успехот во досегашното производство на машините кои ќе гледаат и слушаат, ќе учат и размислуваат, кои самостојно ќе се движат во околината? okno.mk | Margina #15-16 [1995] 43 Moravec во одговорот на тоа прашање предупредува на фаталниот европски презир кон можностите кои произлегуваат од сетилното осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Брат му го забележа тоа; се заджа да не ја прати во неврат својата стрпливост. „Една стрнка моли за прием, другар началник“, понизно рече девојката со толку слаб глас што изгледаше дека говори од зад некој ѕид. „Нека причека“, рече брат му и ги собра актите во фиока.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Целиот свет на грб можам да го кренам и да го носам, Луцијо, само за тебе; не сум јас толку слаб како што ти се чини, Луцијо!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Русокос, со сини очи и белоблед, сличен на овдешниот поет Фахри Каја, не толку слаб колку тесноколк, да поверуваш дека дошол од некоја земја на северните народи или дека коренот му лежи негде зад Карпатите, го напушти градов пред петанесетина години и отиде таму од кај што дошол, според неговата увереност, некој негов подалечен дедо, бег, воин или патник кој се оддомил во непозната и покорена земја и оставил потомци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие беа толку слаби за тежината на неговото тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не сакам да сум толку слаба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Водачот знае дека неговата моќ не е демократски пренесена врз него туку е насилно освоена и нему исто така му е јасно дека неговата снага произлегува од слабоста на масите; тие се толку слаби што им треба водач.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мислев и јас на таа можност но пругата токму таму е толку слаба.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Далеку треперат слабите светилки на градот. Сепак не се толку слаби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Би сакала да не сум толку слаба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)