толку (прил.) - тенок (прид.)

Градниот кош беше тесен како на костур: нозете му беа толку тенки што колениците изгледаа пошироки од бутните коски.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште повеќе, самата драма е толку тенка во заплетот а богата со фантазија, магија и егзотичност што тешко може да се обвини Гринавеј што ú се препуштил на својата раскошна имагинација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стојам на стаклени проѕирни столбови, а платформата е толку тенка и слаба, што секој момент може да се скрши.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)