толку (прил.) - црн (прид.)

Сега и Арслан се намршти како Сефедина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, ситуацијата, колку што не е розова, не е ни толку црна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Не е ѓаволот толку црн како што го претставувате!“ се вклучи во разговорот баба Мирјана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А мори, стрино, не е ѓаволот толку црн колку што го прикажуваат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Двете птици наближуваа. Сега не беа толку црни.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тогаш да не го правиме ѓаволот толку црн колку шо не е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бригадирон Језекил, мислеше. Кога ќе помислиш на тоа ти иде да врескаш од толку црните шеги на животот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)