толку (прил.) - длабоко (прил.)

И на крајот, би сакал еден ден да дојдете во Македонија, да видите дел од балканската сага, во која толку длабоко проникнавте.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зар не ја знаеш онаа, старата? Тргнал некој слеп на питање, та попат го сретнале некои мажи и го прашале: а бре, кој ти ги извади очите? Брат ми, - рекол слепиот. Е, затоа ти се ископани толку длабоко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Подигна нога за да се помести, ама и се стори дека толку длабоко загази во мравјалникот, што не може дури да ја подигне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Никогаш не го сакал толку длабоко како во тој момент и тоа не само затоа што ја прекина болката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па не мора толку длабоко да се навлегува и сѐ да се сфаќа сериозно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дрво беше Филозофот, дрво што колку повеќе расте, толку подлабоко ги пушта жилите свои во земјата, оти растејќи во височина се смирува пониско, долу оди, а смирувајќи се пониско – се возвишува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го гледаше како со бавни чекори се оддалечуваше преполн со необјаснива тага и меланхолија која му ја предизвикуваа зборовите во чие значење проникна толку длабоко и од кое не можеше толку лесно да се ослободи и покрај тоа што тие се однесува повеќе на минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)