толку (прил.) - мирно (прил.)

На книжевната колонија во езерското летувалиште Б., богата со симпозиумски задоволства (полна софра + лежерни разговори + прошетки низ еколошки чиста природа), повторно се гледам со една жена, да ја наречеме Надица, писателка што со децении живее во Париз.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но навистина,глупаво е да ја буди сега, кога толку мирно спие и кога само ќе ја протресе со разделбата и бесполезните гушкања.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јас ги премерував од глава до петици тие негови другари и никако не ми влегуваше во глава како можеле да бркаат непријатели по планините, како ги затворале и испитувале злосторниците, како пукале од пиштоли, а толку мирно и безопасно изгледаат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Барем во еден миг да си помислил на милионите гладни, на милионите страдни, на милионите во крв што се дават, на твоите несреќни браќа, не ќе си имал совест, мило момче, толку мирно да седиш на таа карпа, да си тераш луд ќеиф.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Си ‘рчев толку мирно... Никому не пречев...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бев исплашен и пијан!... Бев уште целиот зашеметен!... Дупка пијан! Канализација!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И од жештината беше! и бев премногу збунет, не бев ич нормален!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повторно, по толку години, се сретнав со онаа тага на ликот на детето – полузатворените очи кои не гледаа со поглед на дете, туку на некој кој видел многу повеќе од детство: тоа е поглед упатен не пред себе, туку кон некоја голема болка, кон некој страотен губиток – како тоа дете да ја насетува својата судбина, и разделбата со онаа која во тој миг толку мирно и заштитнички стои зад него, и која, многу години подоцна, покрај крстот, и самата ќе биде во очај, затоа што ништо нема да може да стори против разделбата и против губитокот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа болка се спуштила и на усните на детето, и на гестот на неговите раце – едната ја ставило високо на градите, над срцето, а со прстињата од другата се држи за палецот на мајка си, и како да покажува со показалецот надолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми рекоа дека умрела во сон; лицето ѝ беше толку мирно, што на него не можеше да се види трага ниту од сонот, ниту од животот, ниту од умирањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На ликот на детето трепереше тага – полузатворените очи не гледаа со поглед на дете, туку на некој кој видел многу повеќе од детство: тоа беше поглед упатен не пред себе, туку кон некоја голема болка, кон некој страотен губиток – како тоа дете да ја насетуваше својата судбина, и разделбата со онаа која во тој миг толку мирно и заштитнички стои зад него, и која, многу години подоцна, покрај крстот, и самата ќе биде во очај, затоа што ништо нема да може да стори против разделбата и против губитокот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа болка се спуштила и на усните на детето, и на гестот на неговите раце – едната ја ставило високо на градите, над срцето, а со прстињата од другата се држи за палецот на мајка си, и како да покажува со показалецот надолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежеше склопчена како и секогаш кога спиеше, со свиткани нозе, со главата спуштена на градите, со рацете стиснати на стомакот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од неговите приказни ги запаметив сите патишта по кои поминале коњите на дедо ми.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вели, газеше толку мирно, како анумките по сараите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ти толку мирно спиеш, небаре веќе си победил!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Но лицето му беше толку мирно, а очите влажни и топли.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)