толку (прил.) - просто (прил.)

„Ама, брату“, реков смрзнат, „зар ти?“ Тој ме погледна зачудено како што се гледа човек кој не го сфаќа она што треба да се сфати, а кое е толку просто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И јас се грижам, реков сериозно, божем е толку просто да ме разбере.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Поеднипати тоа му беше толку просто, како Добро утро, а по некогаш, со онаа лутина во себе, тој честопати можеше да ги препрашува да пресудат тие по правина дали се вистински сине оние лутини во него, да му помогнат со тоа што ќе му покажат што треба да се стори, тие двајца луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тие двајца во неа беа останати сами за да си свршат меѓу себе некоја своја работа во четири очи, како купувач и продавач, како купувач и џамбас, а тоа, наеднаш, беше всушност толку просто, така што дури и тој сега ја сфаќаше сосема добро упорноста на мршарот под себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наеднаш тоа беше толку крајно безразлично. И толку просто, иако го изненади.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, еве, тој беше тргнат да го оди него кон дома, а наеднаш тоа изгледаше толку просто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она познатото работи, јади и живеј не било толку просто.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој сакаше да создаде еден јазик за сите, еден вистински јазик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не е тоа баш толку просто. Вистинито зборувајќи, Рабле не успеа. Да, не успеа. Потфрли.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)