толку (прил.) - сериозно (прил.)

Во моменти се тешеа, белким тој нема да ја земе толку сериозно нивната буна, како татко му.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Изгледаше дека сите толку сериозно ја сфаќаат Космичката шега, што едноставно не сакаат да чујат мали, некосмички шеги.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како што беше веќе речено, на спомнатиот симпозиум, уводниот дел на известието на професорот Седларов беше изоставен бидејќи тој сметаше дека вметнувањето на личните збиднувања и видувања можат да ја намалат вредноста на научниот приод толку сериозно третиран во забелешките навдени во светите книги.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, исто така, ми се допадна идејата дека сето тоа и не е толку сериозно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Синот на Тајко имаше едно својство кое, додека не се сретна со Марин Крусиќ, и не го сфаќаше толку сериозно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги нагласува типично мачоистичкиот неслух на каубојот за иронија, неговото целосно немање свест за можната двојност на неговиот говор; открива колку упадливо нема дух (што е и недостаток и, барем за да биде бучот привлечен, крунска доблест); ги вкрстува, на класичен камповски начин, кодовите на мажественоста и на женственоста231 (спореди со апокрифната приказна за тоа како за време на една литургија Талула Бенкхед му спуштила на некој свештеник кој го нишал кандилото: „Срцка, мантиичево ти го обожавам, ама чантичево ти е џиш“); ја разбива атмосферата на мажествена сериозност околу стрејтерската машка атлетска изведба и нејзината еротска привлечност за геј- мажите; сведочи за неспособноста на кампот дури и да си замисли машки свет во кој ќе живеат исклучиво „нормални“ мажи; ја изместува насоката на разговорот од здодевно, неиронично мажествена кон иронично женствена; го спушта каубојот преправајќи се дека божем го побркал со заиграна дрег-кралица, а тоа значи дека го става неколку скалила подолу на лествицата на сексуалната престижност од онаа на којашто навистина се наоѓа; но и имплицитно ги кара другите присутни мажи што толку сериозно го сфаќаат Каубојот, а сепак не прават ништо за да ја сменат привлечноста поради која и понатаму е предмет на нивното еротско интересирање. ‌
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога стигнавме во Сан Франциско, секој пат кога сакавме да се пошегуваме со некого, тие реагираа во стилот: „Како смеете да се шегувате!!!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Емори, кампот, му враќа: „не се носат петици кога се креваш на бицепси“.230 Шегава има голем општествен и културен полнеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)