толку (прил.) - слободно (прил.)

Оттаму и мојата додатна согласност на погребот да присуствуа секој што ќе пројави желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во една таква мала цепнатинка во која како да беше сместено и нејзиното двоумење јас ја открив дозволата да постапувам толку слободно што да можам дури и да се предомислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се чувствувам толку слободно, толку неограничено.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А само чекор понатаму од мене на сите страни се шири до бескрај една ливада, едно зеленило, едно шаренило што можат да го сочинат сите цветови на светот и воздухот е толку чист, просто му ги гледам кристалите како пукаат низ него и го прават сѐ побогат и така што дишењето таму е толку слободно и длабоко.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А имавме толку слободно време!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
САРА: О, вие толку слободно го рековте тоа „кажете слободно” што помислувам дека ви е сеедно што татко ми воопшто рекол за вас.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)